Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира постапката на министерот за економија Крешник Беектеши, кој вчера во Албанија бурно реагираше кога беше наречен македонски министер.
-За мене непријателски акт е кога министер што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство од нив Македонци, стои пред знаме на друга држава и се срами да каже од каде доаѓа, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета вчера. Резултатот од политиките на СДСМ е токму тоа, рече Мицкоски при одговор на новинарско прашање каде кажа дека тој не му е непријател на Ковачевски.
Вчера, на министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на Албанија новинарка му се обрати со „македонски министер“, а тој веднаш реагираше.
На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на марихуаната. Но, Бектеши не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.
Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер…
Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.
Ова е втор негов скандал при неговата посета на Албанија, откако претходно беше пречекан само со албански знамиња, без да биде истакнатот македонското државно, односно на државата која ја преставува и чиј министер е.