Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава во вестите на ТВ Канал 5 вели дека најтешко му паѓа што е одвоен од семејството.

-Не е лесно имајќи во предвид на динамичниот живот кој го водам и во партијата и на факултетот, јас често спортувам во суштина, но она што најтешко ми паѓа што сум одвоен од семејството имајќи го предвид карактерот на мојата работа и контактот со луѓе. Овој викенд на постариот син му беше роденден требаше да се видиме, но не успеавме, вели Мицкоски.

Тој додава дека во рамки на партијата работите ги решава телефонски, но најмногу му фали спортот и динамичниот живот кој што го води.

– Мојот предмет кој што го држам практично е предмет кој што е сведен на семинарски работи така што сме во постојан контакт со асистентот на истиот предмет и одржуваме комуникација со студентите кои што го слушаат овој предмет. До сега немаме некаква препрека иако на крајот од семестарот за да се формира оценката потребен е личен контакт со студентите, се надевам дека до тогаш ќе можеме да оствариме личен контакт, бидејќи семинарската теза на крајот ќе мора да ја одбранат, додава Мицкоски.

Целиот разговор со Мицкоски проследете го преку видеото.