Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Ресен најави дека тимот од стратешки соработници, претставен вчера на јавноста, ќе се проширува.
– Станува збор за тим од врвни професионалци. Тие имаат родољубие и желба за обнова на Македонија. Тие со голема љубов прифатија да бидат мои соработници за обнова на Македонија. Нивниот квалитет, професионално и животно портфолио се гаранција за креирање на идните политики на ВМРО ДПМНЕ. Јас и порано имам соработувано со овие луѓе и убеден сум во нивната желба и потреба да изградат држава за сите – рече Мицкоски.