За жал, не успеавме, еден глас пресуди да не му го видиме грбот на Заев, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во емисијата „Добро утро Србија“ на Хепи ТВ.
Мицкоски гостуваше заедно со адвокатот Тома Фила.
Им се случува и на најдобрите. За жал, не успеавме и покрај тоа што имавме 61 потпис. Еден од потписниците се предомисли. Ние успеавме да се обединиме и покрај сите наши разлики. Имавме една цел, оваа криминална Влада во Македонија да стане минато, посебно по резултатите на последните локални избори. Власта беше жестоко поразена, рече Мицкоски во гостувањето на Хепи ТВ.
Тој додаде дека Македонија е најкриминална држава во Европа во моментов, на последното рангирање на Транспаренси Интернешнл.
Македонија е 111 место, што значи дека нема покорумпирана и покриминална држава од Македонија, потенцираше Мицкоски.