Економските политика на оваа влада се темелат на два столба. Првиот столб е голема надеж и вториот столб е користење на искуствата од минатото, односно на претходната влада. Прво се обидуваат да креираат големи очекувања и голема надеж кај граѓаните така што премиерот на почетокот на годината пред да иде на скијање во тоа монденско место кажа дека голема светска компанија од навистина еден голем стратешки партнер на Република Македонија ќе инвестира во Република Македонија, па дури и се повика на еден приватен разговор што го имал со советникот во кабинетот на премиерот на таа држава и дека тие му ветиле за да денеска видиме дека заменик претседателот на владата онака помалку иронично во свој стил да каже дека не треба да се користи и злоупотребува името на Фолксваген во дневно политички цели, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.
Тој додаде дека Заев го искористил и злоупотребил името на Фолксваген за да креира лажна надеж на граѓаните.
Мицкоски потенцираше дека владата на СДСМ на прес конференции се фалела со странски и инвестиции но дека тие се уште не се донесени