МИЦКОСКИ: Захаирев и Јорданов би биле прекрасен тандем за Штип, но при 870 заразени на ден прашање е дали има услови за избори!

/ 28.10.2020

Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар зборуваше за локалните избори за Штип и се осврна на претходниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов. Според него тоа се квалитетни тандеми, луѓе кои што ќе работат за интересите на Штип и штипјани.

-Господинот Захариев навистина има оставено силен белег овде во Штип и тоа се чувствува насекаде и во разговорите со штипјани но би рекол и пошироко во регионот. Илчо е навистина еден прекрасен човек, една прекрасна личност која што знам дека многу сериозно мисли за иднината на Штип е сериозно загрижен за ситуацијата во која што денес се наоѓа Штип. Иван Јорданов е еден прекрасен млад, амбициозен човек полн со енергија, идеи кој исто така има една прекрасна визија за Штип како Штип треба да се развива во иднина така што капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип е навистина огромен и станува збор за прекрасни луѓе, луѓе кои можат многу да дадат за Штип и за штипјани јас мислам дека тоа ќе бидат исклучително квалитетни тандеми, екипа на луѓе кои што ќе работат за интересите на штипјани и ќе го постават Штип онаму каде што му е местото зошто за мене лично а и за нив Штип претставува посебно историско место за Македонија, рече Мицкоски.

Но, за изборите проблем е ситуацијата имаме речиси четирицифрена бројка на заразени и двоцифрена бројка на починати секој ден.

-Јас тоа го кажа и сега кога бевме во Ново Село штипско, на 23 октомври на Денот на македонската револуционерна борба, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го кажам, во Штип се брани Македонија. И ова не се обични избори. Но прашањето е сега дали на 870 заболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заборлени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнитетелн ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозна да размислат, ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја размислува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозаболени ќе стане четрицифрена. Апсолутно многу е возможно да побараме одложување на изборите, вели Мицкоски.


Од истата категорија