Законот за солидарен данок е данок каде од тие кои се успешни и дисциплинирани се зема повеќе на сметка на оние кои се неуспешни и недисцилинирани и тука пред се мислам на оние кои се творци генератори на сивата економија во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Новаци одговарајќи на новинарско прашање за ефектот од Законот за солидарен данок.
-Имате даночни раеви на неколку делови во Македонија каде ни фискални сметки важат, ниту важат било какви други законски одредби, дури имате делови и во Скопје каде можете да платите со европска валута и да добиете кусур во европска валута и тоа е пред очите на органите на редот и никој ништо не им може. Ние како да имаме делови каде има паралелен систем и сега тие се амнестирани и толерирани, а овие кои и досега редовни си ги исполнувале редовно своите обврски се повторно казнувани од оваа влада. А целта на Владата е да собере што повеќе пари за сега пред избори во тендери во 4 очи договараат провизии, како што тоа го прават со еден објект недалеку од овде РЕК Битола – кажа Мицкоски.
Ако мислат дека тоа ќе помине, додаде Мицкоски, за неколку месеци од сега ќе бидат демантирани.
Ефектот од Законот нема да биде позитивен, тоа ќе ја зголеми фрустрацијата, а на исполнување на даночните обврски. Или државата за едни е мајка за некого не, заклучи Мицкоски кој додаде „ако не знаат кои се тие даночни раеви, ако не знаат каде се плаќа со евро валута ќе им кажам, а за неколку месеци од сега нема да биде така“.