МИЦКОСКИ: Здравството не смее да биде експеримент за криминалното богатење на поединци

/ 02.02.2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари стредба и со здравствените работници при што од негова страна беше потенцирано дека тиер заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните.

-Бев на средба со здравствените работници во Негорци и на работен ручек со стопанственици од Гевгелија. Покрај економијата силен фокус ќе имаме и на враќање на достоинството на здравствените работници. Здравството не смее да биде експеримент за криминално богатење на поединци, ниту пак за перење на пари на белосветски измамници какви што гледаме дека Заев прибирал во Македонија. Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните. Програмата која ќе ја понудиме ќе има сеопфатен пакет на мерки кои ќе подразбираат обнова на најважните сегменти на здравството, порача од денешната средба Мицкоски.


Од истата категорија