Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ коментирајќи ги кандидатурите за градоначалници на Левица во Тетово Гостивар и Струга, истакна дека тоа се прави за да се направи дисипација на анти-ДУИ гласовите и да се фрли гума за спасување на ДУИ.
Тоа е уште еден начин да се фрли гума за спасување на Али Ахмети и на ДУИ. Зошто? Еве ќе дадам еден многу едноставен пример за да може секој да го разбере. Ако тие навистина се натпреваруваат да победат, а таму немаат ниту теоретски шанси да победат, во Тетово, во Гостивар и во Струга, зошто не извадат свој кандидат, еве да речеме во Велес? Зошто не извадат свој кандидат во Штип? Од таму доаѓаат највлијателните членови на раководството на политичката партија, каде што имаат реални шанси да се натпреваруваат и да добијат. Зошто токму во Тетово? Зошто токму во Гостивар и во Струга каде што ниту тетовци, ниту гостиварци ниту стружани ќе гласаат за партија којашто се нарекува ДУИ. Што е нивната цел?Нивната цел е да направат дисипација во анти-ДУИ гласовите. Тоа е суштината. За да ја намалат силата на анти-ДУИ гласовите, за да може ДУИ во првиот круг да исплива на површина, истакна Мицкоски.
Тој исто така потенцираше дека оваа игра ќе биде препознаена од граѓаните и Левица нема да ја постигне таа цел.
Тоа ќе го препознаат граѓаните и веќе го препознаваат, дека нашата цел на овие избори е она развластено ДУИ да биде поразено и засекогаш испратено надвор од политичката сцена во Македонија. Тоа е суштината на овие избори. И мора да биде поразено, но ги имаме овие од Левица коишто се обидуваат да му помогнат на ДУИ и фрлаат гума за спасување, потенцираше Мицкоски.