МИЦКОСКИ: Отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е одлична можност државниот врв да се обедини

/ 28.10.2022

Отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е одлична можност државниот врв да се обедини и да дојде заедно со мене таму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за порталот А1 ОН.

Мицкоски потенцираше дека во недела во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар кој што го носи името на историски лик кој што обединува, за разлика од имињата на бугарскиот културен центар за кој што рече дека се имиња на докажани бугарски фашистички соработници.

Не може Бугарија ова да го сфати како провокација бидејќи ние не отвораме културен македонски центар кој што има име на докажан фашистички соработник. Македонскиот народ е антифашистички и така ја создал својата држава на основа на борба против фашизмот. И тие две работи не може една со друга да се спојат. Второ, ние не го негираме идентитетот на Бугарите, тие го негираат нашиот. И тука има суштинска разлика. Да ние го негираме идентитетот на Бугарите и да велевме тие се Македонци и така натаму, и така натаму, тогаш можеби и би имало некаков знак на равенство, вие што го кажувате. Но, ние едноставно одиме да си ги поддржиме нашите луѓе, да им подадеме рака и да им кажеме не сте сами луѓе, ние сме заедно со вас, без било каков обид за мешање во внатрешните работи кај нашиот источен сосед. Едноставно да го испочитуваме нашето, а така го почитуваме и туѓото, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржуваат уставни измени и внесување на Бугарите во него, доколку не се добијат цврсти гаранции од страна на Европската Унија за македонскиот идентитет во кој што е содржан јазикот и за тоа дека билатералните прашања нема веќе да бидат можност за ново вето се додека Македонија не стане членка на ЕУ.

Под овие околности и под овие услови ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа. А, јас сум кажал уште во февруари месец оваа година, потребни се гаранции и тоа две суштински гаранции се битни, за нашиот македонски идентитет во кој што е содржан јазикот и за тоа кое што цело време не убедуваа дека билатералните прашања нема веќе да бидат можност за некој да стави вето се додека Македонија не стане членка на Европската Унија.

На прашањето дали знае дали некоја друга земја, која има добиено вакви писмени гаранции, Мицкоски истакна дека не познава друга европска земја освен Македонија која што во преговарачката рамка има содржано билатерален договор, и како што потенцираше бидејќи ние сме посебен случај тогаш посебно и ќе се однесуваме.

Јас не знам друга европска земја во која што во преговарачката рамка има билатерални договори, која што е дел од Европската Унија, е бидејќи ние сме посебен случај тогаш посебно и ќе се однесуваме, дециден е Мицкоски.


Од истата категорија