Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата.

Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола.

Паралелно рече дека ќе им предложи да се обврзат, по изборите, да се формира специјална комисија која ќе ја истражи „болната историја на грчките железници во последните дваесет години“.

Во железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на Лариса, животот го загубија 57 лица.