Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис синоќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
На средбата учествуваше и државниот секретар Мајк Помпео.
Мицотакис, придружуван од сопругата во Белата куќа беше пречекан од Претседателот и првата дама Меланија Трамп. Мицотакис синоќа имаше обраќање и во Атлантскиот совет во Вашингтон, каде посочи дека „пристигнал (во САД) во турбулентно време, но и во најдобриот момент во односите меѓу Грција и САД“