Српската министерка за градежништво, транспорт и сообракај Зорана Михајловиќ изјави денеска дека следната недела ќе го премести Министерството во Грделичка клисура, каде што завршува изградбата на делницата на автопатот на Коридорот 10 кон Македонија.
– Завршувањето на Коридорот 10, поточно на автопатот преку Грделичка клисурата е најважниот инфраструктурен проект на Србија во последните неколку децении. Србија со завршување на Коридорот 10 ќе биде многу поразлична од она што е денес. И за мене како надлежен министер, нема поприродно место од местото каде што овој проект во моментов се завршува. Следната недела, моите соработници, државните секретари, помошниците на министерот и јас ќе бидеме во Грделичката клисура, таму ќе бидеме сместени и целото Министерство ќе биде преместено на Коридорот 10, бидејќи за нас нема поважна работа од тоа, рече министерката Михајловиќ за РТС.
Таа, исто така, нагласи дека лично, на самото градилише, сака да биде убедена во безбедноста и сигурноста на овој автопат