Михајловиќ нов тренер на Спортинг

/ 19.06.2018

Приоритет на Михајловиќ ќе биде да го стабилизира тимот кој се соочи со потреси во финишот на сезоната што измина кога фудбалерите беа нападнати од навивачите поради незадоволство од слаби резултати.

За „лавовите“ од Лисабон настапува и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Михајловиќ претходно работеше во Торино, а беше тренер и на Милан, Сампдорија, Фиорентина, Катанија, Болоња. Има и едногодишно селекторско искуство во Србија. 


Од истата категорија