Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Истиот товар го носи и ова раководство и нивна е одговорноста дали организацијата што ја наследиле и сите капацитети на партијата ќе ги користат за внатрепартиски поделби и чистки или за демаскирање на лошите политики на СДСМ и побргу враќање на власт. Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. Новото раководство ја носи одговорноста за доследност на историските принципи на партијата и стратешката ориентација кон ЕУ и НАТО, истакнал Сашо Мијалков за Прес 24 по синоќешната одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за негово исклучување.