Според информациите на Телма, екс директорот на УБК Сашо Мијалков ја испочитувал судската покана за издржување на затворската казна од 3 години откако склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и денеска после 14 часот се пријавил во отворениот затвор во Струга.
Мијалков претходно го промени своето жителство од Скопје со Струга заради подобрите услови од истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари. Тој пред три недели побара и доби одложување на затворската казна поради здравствени причини.