За случајот „Империја“ Мијалков е осуден на три години затвор, за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување и прикривање на имот“. Покрај затворската казна, Мијалков прифатил и конфискација на имот, која актуелно, според проценките на Обвинителството вреди околу 36 милиони евра, вели во разговор за Канал 5 шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Ефективна казна затвор за две кривични дела, три години. 2 000 евра парична казна, тоа што оди според Законот. Одземен е голем имот. 6 000 000 евра во готово. Според проценките направени во 2011, 2013, 2016 и 2019 година се околу 20 000 000 евра, со тоа што знаеме сите колку е зголемена вредноста на недвижниот имот. Мислиме дека моменталната проценка е околу 30 000 000 евра“- Вилма Русковска, обвинител на ОЈО ГОКК.
Од Кривичниот суд за Канал 5 велат дека спогодбата е прифатена, а дури од понеделник предметот ќе се предаде на судија за извршување на санкциите кој ќе треба на Мијалков му каже на кој датум да се јави во затвор за одлежување на тригодишната казна.
Според Телма, уделот во хотелот „Мериот“ останува во негова сопственост, бидејќи за него и други акции кои ги поседува понудил и ќе уплати 5,1 еден милион евра, а за домот на Водно да го ослободи од залог кон државата на обвинителството и државата ќе им плати еден милион евра.
Но, затоа ќе загуби 25 станови и друг недвижен имот кој ќе се слеат на сметка на државата.