Поранешниот фудбалер и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го наведе отсуството на фудбалер како Кристијано Роналдо, како главна причина тимот да не победи во Ел Класико против Барселона во дуелот од средата.

На крајот, натпреварот на „Камп Ноу“ заврши 0:0, а Роналдо, кој веќе игра втора сезона во Јувентус, се чини дека ги потврди зборовите на Мијатовиќ со брилијантен гол за „бјанконерите“ за успех од 2:1 над Сампдорија во Џенова.

„На прво место, ми недостасуваше Роналдо или играч како него, иако не се многу такви. Со ваков „убиец“, Реал би постигнал гол и би победил на натпреварот. „Камп Ноу“. Во Барселона немаат проблем со Реал Мадрид, кој зависи од Карим Бензема. Кога Меси нема да постигне гол, бележи Суарез или некој друг. Се грижам дека кога Бензема нема свој ден, Серхио Рамос станува втори стрелец, но тој е дефанзивец , вели Мијатовиќ.