МИК ЏЕГЕР: Битлси на почетокот беа само кавер блуз бенд

/ 17.10.2023

Мик Џегер повторно одговори на коментарот на Пол Макартни дека Битлси се супериорен бенд во однос на Ролинг Стоунс.

„Стоунси се вкоренети во блузот. Имавме малку повеќе влијание. Има многу разлики, и јас ги сакам Стоунси, но јас сум со вас. Битлси беа подобри“, рече Макартни во шоуто на Хауард Стерн во 2020 година.

Џегер ја коментираше оваа изјава на Пол во интервју за „Тајмс“.

„Рече дека Битлси се подобри од Стоунс затоа што Стоунс биле само кавер блуз бенд. Па и Битлси беа само кавер блуз бенд кога почнуваа. Секој бенд на почетокот бил кавер блуз бенд, зашто тоа е така.“, рече Џегер, пишува NME.


Од истата категорија