Мик Шумахер не сакаше да започне војна со зборови со својот противник на патеката Формула 3, Дан Тиктам. Синот на седумкратниот шампион во Формула 1 – Михаел Шумахер стана изненадувачки лидер малку пред крајот на сезоната во шампионатот и беше обвинет од Тиктам дека заработува само затоа што неговото презиме е Шумахер.
Првата победа на Мик во текот на сезоната дојде на легендарната белгиска патека „Спа“ во јули. Пред тоа, тој беше на осмото место во генералниот пласман и беше 52 бода зад пилотот на Академијата за возачи на Ред Бул – Тиктам. Овој прв успех на Мик со тимот на „Према“ се претвори во пресвртна точка за неговата кариера, а сега, на три трки пред финалето на сезоната, Мик е лидер со 49 поени.
Шумахер беше запрашан да ги коментира критиките на негова адреса, но рече дека не сака вербална војна.
„Не сакам да слушам такви работи. Мојот болид е неверојатен. Целиот тим сме целосно свесни на кое ниво се наоѓа тој и го подобруваме, додека некои тимови можеби престанаа да го прават тоа во одредена фаза. Му посакувам успех, но јас сакам да се фокусирам само на себе. Целиот тим не престана да работи во текот на годината. По победата на „Спа“ не беше воопшто лесно да ја зачуваме постојаноста, особено во квалификациите“.
По три последователни победи на „Нирбургринг“ и двете на „Ред Бул Ринг“ шефот на Ферари, Маурицио Аривабене го поздрави Мик, со што беа обновени гласините за интересот од страна на Ф1 тимовите кон Шумахер помладиот.
Титулата кај пилотите во Формула 3 ќе се реши на германската писта „Хокенхајм“ со трите натпревари закажани за 13-14 октомври.