Постојат претпоставки дека лицата кои што ја примиле БСЖ вакцината се поотпорни на корона вирусот.

Ова денеска ги истакна доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на прес-конференцијата во Владата, нагласувајќи дека посебно во нашиот регион, односно на Балканот и нашата држава, се уште се дава доза од оваа вакцина.

-Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста на новиот вирус Ковид-19, сепак, се уште се работи за рана фаза од овие испитувања за да се донесе конкретен заклучок или пак да се препорача како мерка за масовна употреба, истакна Микиќ.

Информираше дека постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на Ковид 19 кај некои лица, како што е и со третманите коиѓто се користат и оти стручната јавност и епидемиолозиите ги следат сите препоракии.