Кариерата на Џенаро Гатузо во Милан изгледа е при крај.
Тренерот ќе биде ослободен по крајот на сезоната, а имиња на неговите наследници веќе почнаа да се вртат во италијанските медиуми.
Едно од нив е поранешниот тренер на Рома, Еузебио ди Франческо, кој е сакан од „росонерите“ поради неговите методи на работа, стилот на игра и неговата желба да работи со млади фудбалери.
„Газета дело Спорт“ додава дека другите можни заменици на Гатузо во Милан се Маурицио Сари, Леандро Жардим, Марко Џампаоло и Џанппиеро Гасперини.