Златан Ибрахимовиќ, 38-годишниот напаѓач на Милан, се опорави од коронавирусот и може да биде во конкуренција за претстојното големо дерби со Интер, објави италијанскиот клуб.
– Фудбалскиот клуб Милан објави дека Златан Ибрахимовиќ е тестиран негативно на два последователни теста на брис. Градските здравствени власти во Милано го укинаа карантинот на Ибрахимовиќ, се наведува во соопштението на „росонерите“.
Минатиот месец, на 24 септември, клубот објави дека Ибрахимовиќ е заразен со коронавирус.
Големото дерби на Милан е закажано за 17 октомври.
Ибрахимовиќ (38) постигна три гола на првите два натпревари за Милан оваа сезона, во Серија „А“ и во Лига Европа.