Раководството на Милан ќе му понуди нов договор на Златан Ибрахимовиќ во висина од 2,5 милиони евра. Клубот е подготвен да го продолжи договорот со напаѓачот, кој на крајот од сезоната може да стане слободен играч.
Росонерите на крајот на април планираат да преговараат со 40-годишниот Швеѓанец и да му понудат нов едногодишен договор со плата од 2,5 милиони евра плус бонуси, тврди новинарот Николо Шира.
Моментално Ибрахимовиќ заработува седум милиони по сезона.
На 18 натпревари од сезоната во Серија А, напаѓачот има осум гола и две асистенции.