Калчолигашот Милан на својата официјална веб-страница објави дека ќе поднесе жалба во Арбитражниот суд во Лозана (CAS), поради санкциите од УЕФА.
Росонерите беа казнети поради повреда на финансискиот фер-плеј.
– Милан ја прими одлуката на УЕФА со разочарување. Ние ќе поднесе жалба на оваа одлука до CAS, информираа „росонерите“.
Милан беше казнет со 12 милиони евра, исто така, ограничен му е бројот на пријавени фудбалери на 21 во евро-куповите следните две сезони и му е наредено до летото 2021 година да ги исполни барањата за финансиски фер-плеј. Во спротивно клубот ќе биде суспендиран.