Милан како гостин синоќа ја победи Спарта Прага (1:0) во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Росонерите ја продолжија серијата без пораз на туѓ терен во сите натпреварувања која трае 18 натпревари. Ова е најдобриот резултат на клубот од 1993 година, кога серијата заврши со 20 натпревари.

До крајот на годината, Милан ќе одигра два натпревара на гости – со Џенова и со Сасуоло.