Италијанскиот гигант Милан се соочува со нова казна од Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј оваа и претходната сезона.
Во нов случај, различен од оној во декември минатата година, кога „росо-нерите“ платија 12 милиони евра казна, независни истражители испратиле документи до Управниот суд на УЕФА.
Милан се уште е под условна казна од една година забрана за играње во Европа до јуни 2021 година, поради огромни финансиски загуби во тригодишниот период до 2017 година.
Засега не е познато кога ќе се донесе конечна одлука.