Играчот за врска на Милан, Сандро Тонали доби црвен картон во првото полувреме на вечерашниот натпревар од 15. коло во Серија А против Беневенто.
Во 33. минута италијанскиот фудбалер беше исклучен од страна на главниот судија Фабрицио Пасква поради груб старт. Пасква најпрво му покажа жолт картон, но по прегледување на снимката по сугестија од ВАР собата, му додели директен црвен картон на играчот на Милан.
Така, 20-годишниот Тонали кого го очекува автоматска суспензија од неколку натпревари, сигурно ќе го пропушти натпреварот против Јувентус, кој е закажан за 6 јануари.
Милан и покрај тоа што е со фудбалер помалку од речиси половина час, води против Беневенто со 2:0 по еден час игра.