Спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара ја прокоментира жешката тема за враќањето на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.
Искусниот Швеѓанец во моментов е играч на Л.А. Галакси, но неговиот договор истекува на крајот на годината и тој веќе бара нови предизвици, упорно велејќи дека може повторно да го облече тимот на „росонерите“.
– Ибрахимовиќ е голем шампион кој има напишано некои од најславните страници во историјата на нашиот клуб. Но, засега поканата за враќање во Милано е само идеја. Кога ќе се отвори трансфер прозорецот со тренерот ќе видиме што може да се стори, прокоментира Масара.