Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (82) лапароскопски е опериран во болница во Милано, поради опструкција на црева.
Неговиот кабинет соопшти дека операцијата била успешна и оти тој се чувствува добро. Се очекува Берлускони да излезе од болница за неколку дена.