Адвокатот Еленко Миланов на денешните зборови на случајот „Талир 2“ истакна дека судот ќе има проблем при носењето на пресудата. Како причина го наведе датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година со потпис на Катица Јанева.
Со тоа, тврди адвокатот, обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител.
Тој потсети дека мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.
По 30.6.2018 година ова обвинителство нема надлежност за постапување. Со тоа ова обвинение од 22.11.2018 е од неовластен тужител и судот тоа мора да го почитува – нагласи Миланов.
Тој потсети дека нелегалните разговори исто така не смеат да бидат користени како доказ во овој случај, што не беше испочитувано од застапникот на Обвинението, кој користеше делови од овие докази.
Тој сакаше да нѐ убеди дека овој договор за соинвеститорство бил нарачан, претходно договорен и се знаел изведувачот. Овој доказ не смеете да го користите – потсети адвокатот.
Тој презентираше документи дека ВМРО-ДПМНЕ немало предвреме избран инвеститор туку дека тој се барал.
Нема доказ дека Кирил Божиновски постапува по барање на првообвиниетиот туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот – рече Миланов.
Во врска со обвинението за Никола Груевски, неговиот адвокат по слушбена должнпст, Горан Каркински, побара ослободителна пресуда.
Според адвокатот, за Груевски кому му се суди во отсуство, обвинителството не презентирало докази за обвинувањата кои му се ставаат на товар.
„Обвинителот во своите завршни зборови изврши измена на обвинението на кое не ни беше дадена можност за приложување нови докази заради побивање на нивните тези што секако е повреда на постапката“, наведе адвокатот.БВИН