Зоран Милановиќ е новиот претседател на Република Хрватска.
Тоа е јасно откако се пребројани 80 отсто од гласовите, а според досегашните податоци Зоран Милановиќ освоил 736.139 гласови, а Колинда Грабар-Китаровиќ 643.216 гласови, пренесува хрватски Индекс.
ХДЗ го признале поразот, а СДП слават за новиот претседател. Се уште се чекаат официјални резултати од гласањето.