Хрватсккиот претседател Зоран Милановиќ од самитот на НАТО во Литванија рече дека имал многу средби на кои разговарал за важни прашања, како на пример за Косово или БиХ, но и зошто Албанија, Македонија и Црна Гора чекаат толку долго пред вратата на ЕУ.
Тој рече дека е јасно дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е незадоволен од пораките на НАТО затоа што очекувал повеќе, но не затоа што некој ветил нешто повеќе, бидејќи не ветил“.
На прашањето дали разговарал со Зеленски, Милановиќ одговори: „Не. За што?“ праша Милановиќ и додаде дека му е жал за она низ што минуваат луѓето во Украина.
За Зеленски рече и дека ја следи неговата кариера.
„Играме опасна игра, ако Украина беше поканета во НАТО, тоа ќе беше објава на војна против Русија. Очигледно сакаме да го избегнеме тоа и така ќе остане засега“, рече Милановиќ и додаде дека се воздржал од изјави на таа тема.