Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, продолжува да изненадува со изјавите за актуелната ситуација во Украина и односите меѓу Москва и Киев.
– Јас не сум украински непријател или руски пријател. Не претерав. Извештаите на ЕУ велат дека Украина е корумпирана. Ние сме втори најлоши. Украина има проблем, мора да почнат да го решаваат. Имаат сепаратисти, мора да го решат. А не да влегуваат во конфронтација со сила како Русија. Кој ги поттикнува на тоа е шарлатан, изјави Зоран Милановиќ во емисијата „РТЛ Данас“.
Според него, Украина ги слави како херои од Втората светска војна кои се касапи на Евреите.
-Тоа го слават. Овие луѓе се исто толку лоши или полоши од Павелиќ. Имаме проблем,заклучи хрватскиот претседател.
Милановиќ предизвик вистинска бура пред неколку дена кога рече дека, доколку дојде до ескалација, ќе го повлече секој хрватски војник.
-Тоа нема никаква врска со Украина, туку со политиката на Бајден, каде гледам недоследност и опасно однесување. Кога си замина Трамп, кој беше нападнат од Демократите дека се однесува како дадилка кон Путин, новата администрација под притисок на републиканските јастреби, одеднаш изврши притисок врз Пенатгон и Бајден да застанат цврсто против Русија. Гледам силен руски интерес. Ја гледам и Украина. На Украина не и местото во НАТО, тие се една од најкорумпираните земји во светот, рече Милановиќ.