Украина ќе заврши како Авганистан, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Тој ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО дека водат прокси војна против Русија.
За Хрватска, кажа дека не смее да биде американски роб и да учествува во планот за смена на рускиот претседател Владимир Путин.
Вели дека санкции не требало да се воведат, дека тоа е глупост и дека тие не го скршиле ниту поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.
Според него, со санкциите не се постигнува ништо. Инаку, Милановиќ и претходно се бунеше и не сакаше неговата земја да обучува украински војници, затоа што рече дека на тој начин ја носат војната на хрватско тло. Инаку, по ова, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвини дека го брани Путин.