Само затоа што учествувале во дискусијата за протестите во Хонг Конг, неколкумина членови на платформата за видеоигри „Блибард“ биле исфрлени од форумот, а забраната ќе важи 1.000 години.
Со други зборови, тие немаат пристап до страницата до 3019 година.
Ова не е случајна грешка и тоа е потврдено од компанијата, со образложение дека забраната е поради „тролање“ и таа ќе трае до октомври 3019 година. Покрај тоа, многу теми поврзани со протестите во Хонг Конг се избришани.
Претходно, „Близард“ веќе го навлече гневот на љубителите на видеоигри, откако го суспендираше победникот на големиот турнир „Хартстоун“ (Heartstone), Кинезот Вај Чунг, кој ги поддржа протестите. Тој остана и без наградата од 10 000 американски долари.