МИЛЕНКОВСКИ: Деновите на СДСМ и нивниот градоначалник во Пробиштип се избројани!

/ 24.08.2021

Деновите на локалната власт во Пробиштип и нивниот градоначалник се избројани! Човекот кој ветуваше чист воздух, чиста вода и живот за сите, донесе само пустош и направи хаос со партиските вработувања во сите институции, истакна Маријан Миленковски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Човекот кој во овие четири години успеа на дело да ја покаже својата неспособност и незаинтересираност за решавање на проблемите на граѓаните, има едвај 20% реализација на изборната програма за која граѓаните му ја дадоа својата доверба.

Оправдан е стравот кој го има Анастасов и неговите сопартијци за средби со граѓаните, затоа што знаат дека ќе се соочат со гневот на народот!

А народот е гневен затоа што беше излажан.

Ги нема ветените улици и патишта, канализации и водоводи во селата. Ја нема ветената гасификација, го нема ниту економскиот развој. Не само што нема нови паркови и зелени површини, туку и старите се уништени.

Едноставно нема ништо. Човекот ги помина овие 4 години работејќи само за личен интерес и за интересите на неколку фамилии.

Општина Пробиштип изгуби многу во овие 4 години, но со голем труд ќе го надополниме изгубеното.

Затоа, мојата цел е да понудиме реални проекти, за реалните и вистински потреби на граѓаните.

Ветувам локална самоуправа исклучиво во служба на јавниот интерес, а не на интересите на групи, фамилии и поединци. Локална самоуправа без корупција и непотизам.

Да бидеме во чекор со европскиот модел на водење на локалните заедници.

Да бидеме општина – сервис на граѓаните.

Ветувам целосна отвореност и транспарентност на општината и сите локални институции.

Ниту еден годишен буџет и програма за работа на општината нема да бидат донесени без активно учество на граѓаните и бизнис секторот.

Конечно дојде времето да се преземе нешто конкретно и да го запреме трендот на иселувањето, особено на младите бидејќи тие се нашата иднина.

Од овде ја претставувам и мојата прва идеја, а тоа е да почнеме со изградба на населба за млади со целосна комунална инфраструктура ослободена од најголемите давачки. Паралелно со тоа ќе обезбедиме и поддршка на младите за отпочнување со сопствен бизнис.

Воедно ќе овозможиме и субвенции за изградба на енергетско ефикасни фасади на постарите станбени згради.

Бидејќи многу добро знам како и колку влијае животната средина врз здравјето на граѓаните, ветувам конечно решавање на проблемот со старото јаловиште, а Пробиштип и Злетово конечно ќе добијат пречистителни станици за отпадните води.

Лесново и Пониква се нашите туристички центри на чиј развој ќе посветиме големо внимание.

Нови спортски терени, нови зелени површини, нови детски катчиња за најмладите ќе станат реалност, а не само букви на лист хартија.

Ветувам дека граѓаните повеќе нема да бидат заборавени од надлежните.

Во периодот што следи, заедно со сите Вас ќе ја дефинираме целосно најдобрата програма за развој на општина Пробиштип.

Јас, се обврзувам на максимално исполнување на предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички да ја вратиме светлоста на општината, а ние да бидеме горди граѓани на општина Пробиштип.


Од истата категорија