Еден од троловите на СДСМ кој напаѓал новинарки бил соработник на бившиот скопски градоначалник Петре Шилегов и внук на бившата министерка Радмила Шеќеринска, открива дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, откако Владата ја тргна од нејзината позиција „затоа што не сакала да биде пропагандист на (Димитар) Ковачевски“.
Шефот на кабинетот на Петре Шилегов, Никола Наумовски бил еден од тие кои што на социјалните мрежи ги започнал нападите врз Милевска откако таа во јули јавно се спротивставила за францускиот предлог.
– Проблемите почнаа со мене во јули, со францускиот предлог и со Бугарија. Јас тогаш си ја работев работата, ги поставував прашањата кои треба и за кои јавноста во Македонија бара одговори. Како тоа одеднаш тој предлог не беше прифатлив, па потоа стана прифатлив“, вели Милевска во интервјуто за Фокус.
Внуката на Борјан Јовановски и ќерка на поранешната дописничка на МИА од Брисел, Светлана Милевска, сите поддржувачи на шарената револуција и актуелната власт, натаму појаснува:
– Тие прашања ги поставував и на прес конференција каде што беше и премиерот Ковачевски. Секако дека го кажав и своето мислење. Моите новинарски текстови останаа чисто неутрални, но јас имав мислење на социјалните мрежи и надвор од нив, кое не беше тајна. А, тоа е е дека и понатаму сметам дека францускиот предлог е неприфатлив. Од тој момент започнаа напади од страна на власта. Тоа оди преку нивните тролови на социјалните мрежи, од некои фаци од типот на Никола Наумовски, коиш добиваат задача од штаб да дискредитираат. Апсолутно истата шема како во време на ВМРО-ДПМНЕ, вели Милевска.
Натаму Милевска додава:
– Потоа полека стана се позаострено, затоа што не успеаја да ме заплашат со нивните стандардни методи. Почнаа да ме бојкотираат, со тоа што секое доаѓање во Брисел, јас не бев повикувана на настаните, никаква комуникација, на блок ме стави цела Влада. Што на МИА и одговараше, бидејќи МИА не сака да поставувам прашања, вели Милевска во интервјуто за Фокус.