Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги одреди 11-мината за почетниот состав на вечерашниот дуел со Ерменија.
Милевски се одлучи за офанзивна варијанта со Адис Јаховиќ на „најистурената“ позиција. Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Елиф Елмас е тројката која заедно со „шпицот“ ќе бидат директна закана за ерменскиот голман. Поддршка од средниот ред ќе даваат Тихомир Костадинов и Енис Барди.
Четворката во одбраната е составена од: Езѓан Алиоски, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Висар Муслиу.
На голот ќе биде Столе Димитриевски.
Почетокот на натпреварот од 4. коло во мундијалските квалификации Ј-група, е во 20:45 часот на Арена „Тодор Проески“ во Скопје.