Горан Милевски, министерот за локална самоуправа, ќе поднесе оставка од функцијата.

Милевски за ТВ24 потврди дека се повлекува од оваа функција, но не и од позицијата лидер на ЛДП.

Тој вели дека партијата останува дел од владејачката коалиција. Од СДСМ потврдуваат дека коалицијата е стабилна.