Македонија загуби убедливо со 0-3 од Грузија, а по натпреаврот селкторот Милевски изјави:
„Морам да им честитам на Грузијците, добар меч одиграа, но кога ќе загубиш вака тешко е да се најде причината за поразот. Три лоши реакции, иако со еден ваков противник да конторлираш игра повеќе од 50 минути е нешто што многу сум задоволен. Но, после вториот гол паднавме и физички. Грузија е физички над нас. Нема што да им замерам на момците за тоа што во моментов го дадоа, а тоа е тоа што го видовме на терен. Ова е нашиот максимум во моментов. Жал ми е што кога доминиравме не дадовме гол или голови повеќе. Одиме понатаму и во недела ќе пробаме да се консолидираме. Моментот во кој период се играат овие четири меча е надвор од секоја логика, но не можам, а да не бидам задоволен до тие 50 минути“.