Бил Гејтс иако е еден од најбогатите луѓе во светот и тој мора да почека во ред за хамбургер, исто како и останатите.
Милијардерот- љубител на хамбургери, за време на викендот беше забележан како чека на ред пред Дикс-Драив-Ин во Сиетл.

Американскиот бизнис магнат со богатство од 95,5 милијарди долари во неделата чекаше хамбургер со рацете во џебови.
Оброкот би го чинел милијардерот само 7,68 долари.

Фотографија во вторникот беше објавена на Фејсбук од страна на поранешниот вработен на Мајкрософт Мајк Галос, кој имал среќа да го „улови“ милијардерот.