Берово имаше можност да го угости светски познатиот актер Милош Биковиќ. Сепак, неговата посета не беше само од пријателски карактер, туку имаше и конкретна работна цел – разговори за реализација на досега најголемата поединечна инвестиција во општината, објави Петар Ружински кандидат за градоначалник на општина Берово.

Иницијативата за оваа средба и за целата идеја потекна од Петар Ружински, кој со својот план и визија успеа да го привлече вниманието на актерот и да го донесе во Берово.

Биковиќ, кој истакна дека има силна емотивна врска со нашиот крај поради семејните корени, ја објасни својата мотивација со следниве зборови:

„Корените секогаш те влечат дома. Но, визијата е она што те убедува да инвестираш во иднината. Во разговорот со Петар Ружински, јас ја видов таа визија за Берово“.

Според најавите, оваа значајна инвестиција се очекува да донесе повеќекратни придобивки за регионот:

-Забрзан економски развој и отворање на нови, квалитетни работни места. Нов импулс во туризмот, со што Берово ќе се позиционира на пошироката туристичка мапа. Оваа посета е уште еден показател дека со јасна визија и посветена работа, Берово има потенцијал да привлече сериозни инвеститори и да создаде нова иднина за своите граѓани, објави Ружински.