Во рамки на надзорната расправа во Собранието, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја запраша губернерката Бежоска, дали е запознаена со тоа дека 29 фирми на Заеви како што вели, земале кредити во Еуростандард Банка и истите не ги плаќале.

-Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12,8 милиони евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на сите други штедачи во Еуростандард банка, рече Милошоски.

 

Димитар Апасиев од Левица, пак, му се обрати на сопственикот на Еуростандард Банка, Трифун Костовски, за тоа дали и кога била информирана тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска и зошто кога ги исцрпеле сите мерки не е почната процедура за администрација на банката и веднаш се отишло на одземање на дозволата, како и дали е вистина дека Советот на Народната банка во 2017 година под влијание на банкарското лоби донел одлука банките да немаат обврска да даваат нето изјави за должници и дали со тоа се прикрива незаконското финансирање на поврзани лица над 25%, како и дали е тоа согласно Базелските стандарди за супервизија.

 

Елми Азири од Алијанса за Албанците ја праша дали мисли дека одлуката не е направена прерано или предоцна и дали се искористени сите можни инструменти што ги имала централната банка за спасување на бнката, односно дали Народната банка напрвила доволно во врска со внатрешните и надоврешните инвеститори кои биле заинтересирани и колку била активна централната банка во олеснување на можните трансакции од постоечките банки во земјава за купување на Еуростандард банка и зошто не постапила кон одземање на контролата врз банката како што се прави во земјите во ЕУ.

По ваквите прашања, гувернерката одговори дека не се точни тврдењата дека Народната Банка не посветила внимание на потенцијалниот инвеститор, и презентирајќи ја документацијата, констатираше дека Централната Банка се заложила да се најде решение за Еуростандард, заедно во комуникација со инвеститорот посочен од сопствениците.