За економската ситуација, за надворешно политичката ситуација, за блокадата од ЕУ и за здравствената криза виновни се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров. Проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да дадат оставки, изјави денеска пред Владата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

„Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите. Ние нашиот став го кажавме уште во февруари, март месец оваа година кога побаравме кризна состојба, но тогаш на мал број заразени ставот на Владата, на премиерот Заев и на претседателот Пендаровски беше дека државата нема ресурси да спроведе кризна состојба на ниво на цела држава“, рече Молошоски.

Тој на новинарско прашање одговори за формирање експертска влада веќе имаат позитивен сигнал од две политички партии, Алијансата за Албанците и Алтернатива.