Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со Фејсбук статус му одговори на министерот Маричиќ, кој денеска со сексистичка гестикулација ја нападна и навреди пратеничката Дафина Стојаноска.

„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам“, напиша Милошоски.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/pfbid037tVqdTYYKN2mPTCBRCYFYDEwrvK6AiKbGkR2dhHskRZSoqDhtx3KuPvoj24ife9pl

Реагираше и пратеничката Жаклина Пешевска:

Да имаше срам и трошка достоинство, немаше да бидеш во политика, а камоли вице-премиер за евроинтеграции!

Бојан Маричиќ- исфрустриран, невоспитан и дрзок како што само тој знае, денес стана срам за целиот машки пол!

Денес упатувајќи бакнежи од место кон мојата  колешка Дафина Стојаноска додека истата зборуваше на собраниската говорница, покажа дека треба да си одиш дома и да не нѐ срамиш ниту дома, ниту во странство!

Ја повикувам Јованка Тренчевска да го осуди овој сексистички напад кон жена!

Вака не во Европска Унија!

Во најмала рака веднаш оставка

https://www.facebook.com/ZPeshevska/posts/pfbid02cbja6xeDXhvBfg9sWZm8eG8fZNKxoGrLMt7TjJ5L85vn9gwRaV4kntPQkRXdnpmDl