Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изјави дека изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија, не бил „избран“ на седница на Судскиот совет, туку надвор од него, од страна на раководството на претходната Влада.
„Лорета Ѓорѓиева има една квалификација за поранешниот судија Наќе Ѓорѓиев, а тоа е дека бил прекрасна личност и професионалец. Инаку, Лорета Ѓорѓиева е блиска другарка на господинот Зоран Заев, оној познатиот реформатор кој отвораше судство како пупки, а нејзиниот сопруг е долгогодишен директор во комуналец Струмица и не само тоа, туку и долгогодишен соработник за одредени би рекол изборни нерегуларности во Струмица.“, појасни Милошоски.
Милошоски дополни дека стопанственик од Штип во 2022година, го пријавува судијата Наќе Ѓорѓиев за нестручно и несовесно работење, барање на поткуп и селективно вршење на изземање на судии за одредени фирми. Кога бил отворен предмет против поранешниот врховен судија, Ѓорѓиев му се заканил на Ивица Николовски зошто била водена постапка против него.
„Поднесувањето на оставки од страна на неколку или сите членови на судскиот совет, може да биде и предизвикување на еден морален чин, кој што може да предизвика од позитивна гледна точка аларм кон сите оние кои што во минатото сакале или го злоупотребиле судскиот совет, без разлика од која позиција го правеле тоа“, додаде Милошоски.
Милошоски со претходно наведеното, заклучи дека Судскиот совет наместо да биде орган кој треба да наметне хиерархија, авторитет и построги правила во судството, советот дејствувал под тие правила и норми на однесување.