Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е дел од групата за Законот за обвинителство, изјави дека и натаму се далеку од договор со власта.
– Имавме повторно средба на која се дискутираше предлог-законот за обвинителство, и клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за приваќање квалитетен Закон за обвинителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила, рече Милошоски.
Според него, писмата од обвинителката Катица Јанева не се нејзина самостојна иницијатива, туку, како што рече, „добро кооординирана акција“.
– Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда, Вилма Рускоска и обвинителот Јовески, рече Милошоски.