На денешната прес конференција, Антонио Милошоски одоговори и на прашањето за неговиот наводен случај во Германија во врска со што СДСМ го обвини дека бил гонет од тамошните власти и парично осуден пред да стане министер за надворешни работи:
– Би сакал уште еднаш да го повторам она што го кажав денес дека СДСМ е партија која што во својата основна дејност изминативе седум години прави афери преку фалсификувања. Фалсификувања пасоши, фалсификување на вистината за Смилковско Езеро, фалсификување за смртта на Никола Младенов, на малата Тамара, фалсификување на датумот за ЕУ и на таков начин се обидува да се спаси себеси или деградира опозициони критичари.
Во тој контекст само ќе напоменам уште еднаш дека ваквите спинови ваквото дефокусирање и ваквите дезинформации само докажуваат дека СДСМ останува на својата основна дејност преку фалсификувани дезинформации да ја замајува јавноста за да избегне од реалните теми дискусија за хибриден режим корупција и голема невработеност. Во тој контекст сметам дека се навистина големи мајстори но за жал цената граѓаните преку силната економска криза.
Во врска со инцијативата за пописот, тој наведе:
-Прво би сакал да кажам дека изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата. Содржината на иницијативата е да е соберат потписи на граѓани кои се против попис кој значи политички фалсификат, се е друго само изговор затоа ВМРО-ДПМНЕ оваа иницијатива ќе ја продолжи на два начини. Еден начин легален начин на предлагање на закон преку пратеници и легитимен начин на поткрепување на тој закон преку многу потписи од граѓани кои се носители на суверенитетот во државата и сметам дека законодавниот дом како претставнички дом на граѓаните нема да има право да одбие било кој потпис на граѓанин кој ќе дојде во поддршка на закон за европски попис, одговори Милошоски.