Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук објави можни причини зошто токму градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев е еден од 17-те кои досега биле во Основното јавно обвинителство да дадат исказ во врска со аферата Рекет.
– Градоначалникот на Карпош, Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет, во кој се замешани Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта. Битни прашања се дали се ова четирите причини зошто Богоев беше во ОЈО за Рекет: Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки13 и Богоев во ноември 2017-та? Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?! Планот за измена на ДУП „Карпош на вода“, десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки 13 го нарекол поинаку)?! Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?! Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?, прашува Милошоски на Фејсбук.